Обука на тема „Комуникација и разрешување конфликти и развивање мултиетнички пристап за односи со јавноста” се одржа од 27 до 28 септември 2009 год. во Струга. Целта на обуката беше учесниците да се стекнат со знаења и комуникациски вештини, разбирање на конфликтите во мултиетничко општество како и со вештини за мултиетнички пристап за односи со јавноста. Ерол Адемов, Севаљ Бахтијар и Сеад Исмаил, учесници во програмата Обука за обучувачи , ја спроведоа обуката пред вкупно 23 учесници (17 претставници на невладини организации и 6 претставници на локални институции од Ресен, Струмица и Струга).
|
|
Прочитај повеќе...
|