spacer.png, 0 kB

Анкета

Дали ви се допаѓа веб страницата?
 

spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
Дома
Регионална работилница „Подготовка на годишни програми на ромските советодавни групи за шест општини во североисточниот дел на Р Македонија”
reg._rabotilnica_probistip.jpgНа 5-ти и 6-ти септември 2008 г. во Пробиштип се одржa регионална работилница на тема „Подготовка на годишни програми на ромските етнички заедници за шест општини во североисточниот дел на Република Македонија” на која присуствуваа 22 претставници од невладини организации и ромски советодавни групи од општините Ранковце, Кратово, Виница, Берово, Кочани и Пробиштип, 3 референти за малцински прашања од Виница, Крива Паланка и Кочани, 3 претставници од локалните самоуправи и 6 претставници од Центрите за социјални  работи од Крива Паланка, Кратово, Пробиштип, Виница, Кочани и Берово, како и 2 претставници од Агенции за вработување од Пробиштип и Крива Паланка.
Прочитај повеќе...
 
Обука на тема: „Механизми и инструменти за креирање јавни политики и застапување за правата на малцинствата”
obuka_za_javni_politiki_region_resen.jpgОбука на тема „Механизми и инструменти за креирање јавни политики и застапување за правата на малцинствата” се одржа од 5 до 7 септември 2008 год. во Струга за учесници од регионот на Ресен, Битола и Струга (16 претставници на невладини организации од Ресен, Битола и Струга, 9 претставници на локални институции од Ресен и Струга). Веса Шкортова и Лидија Илиевска од невладината организација Акција Здруженска ја спроведоа обуката, чија цел беше да се пренесат знаења и вештини за креирањето на јавните политики и застапувањето за правата на малцинствата.
Прочитај повеќе...
 
Обука на тема „Децентрализација и управување со мултиетнички заедници”
decentralizacija_delcevo-veles_2-3_septemvri_08.jpgОбука на тема „Децентрализација и управување со мултиетнички заедници” се одржа на 2-ри и 3-ти септември 2008 год. во Велес. Обуката беше наменета за претставници на невладини организации, училишта, општини и други органи на управата од делчевскиот регион. Целта на обуката беше учесниците да се стекнат со знаења за процесот на децентрализација и начините на управување со мултиетнички заедници преку презентирање на различни концепти кои ги елаборираа предавачите  Жидас Даскаловски и Марија Ристеска.
Прочитај повеќе...
 
Јавна дебата во Неготино „Образованието на Ромите во тиквешкиот регион – потреба и предизвик“
javna_debata_negotino_3.jpgВо соработка со локалната канцеларија на проектот што ги покрива општините Неготино, Кавадарци, Росоман и Демир Капија, Фондацијата Институт отворено општество – Македонија организираше јавна дебата на тема „Образованието на Ромите во Тиквешкиот регион -  потреба и предизвик“ со цел да се согледа ситуацијата со образованието на Ромите во Тиквешкиот регион. Јавната дебата се одржа во Неготино на 26 август 2008 год. во присуство на 12 претставници од локалните институции, 14 претставници од невладини организации и 1 претставник од медиумите.
Прочитај повеќе...
 
Одржана конференција за печат: Децентрализацијата - можност за подобрување на меѓуетничките односи во општините Кичево, Вранештица и Другово
presskicevo.JPGФондацијата Институт отворено општество – Македонија во соработка со Здружението на граѓани за поддршка на меѓуетнички дијалог и развој на заедницата „Заеднички вредности“ и Центарот за развој на заедницата - Кичево на 15.07.2008 год. со почеток во 11:00 часот организираше конференција за печат со наслов „Децентрализацијата - можност за подобрување на меѓуетничките односи во општините Кичево, Вранештица и Другово“. Конференцијата се одржа во рамки на проектот „Живеење во мултиетничка средина – граѓани со еднакви права, можности и заштита“ финансиран од Европската комисија и ФИООМ.
Прочитај повеќе...
 
Работилница за локалните мониторинг тимови (ЛМТ) од Велес и Чашка „Пишување на шестмесечен извештај за ЛМТ”
На 2-ри јули 2008 год. во Велес се одржа еднодневна работилница на членовите на оперативната група за мониторинг со локалниот мониторинг тим за општините Велес и Чашка.
Прочитај повеќе...
 
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>

Резултати 49 - 54 од 59
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB