spacer.png, 0 kB

Анкета

Дали ви се допаѓа веб страницата?
 

spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
Дома
Обука на тема „Децентрализација и управување со мултиетнички заедници”
decentralizacija_kicevo-struga_17-18_septemvri_08.jpgНа 17 и 18 септември 2008 год во Струга беше реализирана обука на тема „Децентрализација и управување со мултиетнички заедници” за учесници од Кичево, Дебар, Центар Жупа, Вранештица и Другово. Обуката ја организираше Фондацијата Институт отворено општество - Македонија во соработка со локалните канцеларии на проектот во Кичево и Дебар (Центар за развој на заедницата Кичево и Центар за одржлив развој на заедницата Дебар, поранешни Центри за поддршка на НВО).
Прочитај повеќе...
 
Обука на тема „Градење партнерства и вмрежување во функција на лобирање и застапување”
На 17ти и 18ти септември 2008 год. во х. Романтик - Велес се одржува обука на тема „Градење партнерства и вмрежување во функција на лобирање и застапување”. Обуката е дел од серијата планирани обуки во проектот „Живеење во мултиетничка средина - граѓани со еднакви права, можности и заштита“, финансиран од Европската комисија и од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија (ФИООМ).
Прочитај повеќе...
 
Регионална ТВ дебата во Дебар „Гимназија во Центар Жупа - да или не?”
tv_debata_debar.jpgНа 12-ти август 2008 год. на локалниот телевизиски канал ТВ Жупа меѓу 20:00 и 21:30 часот беше емитувана ТВ дебата со наслов „Гимназија во Центар Жупа - да или не?”.
Телевизиската дебата е дел од проектната компонента Лобирање и застапување и поттикнување на јавната свест во рамките на проектот „Живеење во мултиетничка средина – граѓани со еднакви права, можности и заштита” финансиран од Европската комисија и Фондацијата Институт отворено општество - Македонија (ФИООМ).
Прочитај повеќе...
 
Тематска работилница во Ресен „Механизми за учество на немнозинските етнички заедници во креирање јавни политики”
rabotilnica_resen.jpg На 16 септември 2008 год. во Претор се одржa работилница на тема „Механизми за учество на немнозинските етнички заедници во креирањето јавни политики”. Целта на тематската работилница беше учесниците да се здобијат со практично искуство за примена на механизмите за учество на етничките заедници во креирањето јавни политики.
Работилницата ја организираше Фондацијата Институт отворено општество - Македонија за да се подобри статусот на етничките заедници во местото каде што живеат, да се подигне свеста за поголемо учество во  процесите на одлучување на локално ниво и да се подобрат односите и соработката меѓу етничките заедници и општините.
Прочитај повеќе...
 
Tематска работилница во Прилеп „Усогласување на Акциониот план за ромската заедница во Прилеп со Стратегијата за Ромите во Република Македонија”
tematska_rabotilnica_vo_prilep.jpg На 12 септември 2008 год. во Прилеп беше одржана работилница на тема „Усогласување на Акциониот план за ромската заедница во Прилеп со Стратегијата за Ромите во Република Македонија”.  Темата на работилницата произлезе од заклучоците на јавната дебата во Прилеп види јавна дебата во Прилеп.
Прочитај повеќе...
 
Тематска работилница во Струмица „Подготовка на акционен план за подобрување на образованието и вработувањето на немнозинските етнички заедници”
rabotilnica_strumica.jpg На 10-ти септември 2008 год. во Струмица се одржа работилница на тема „Подготовка на Акционен план за подобрување на образованието и вработувањето на немнозинските етнички заедници“. Работилницата ја организираше Фондацијата Институт отворено општество - Македонија во соработка со локалната канцеларија на проектот во Струмица (Центар за одржлив развој „Порта“, поранешен Центар за поддршка на НВО).
Прочитај повеќе...
 
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>

Резултати 43 - 48 од 59
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB