spacer.png, 0 kB

Анкета

Дали ви се допаѓа веб страницата?
 

spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
Дома
Обука на тема „Градење партнерства и вмрежување во функција на лобирање и застапување”
sliki_obuka_struga_24-26_oktomvri_2008.jpgОд 24 до 26 октомври 2008 год во Струга беше спроведена обука на тема „Градење партнерства и вмрежување во функција на лобирање и застапување” за 27 учесници од регионот на Кичево и Дебар. Обуката ги опфати следните теми: партнерства, запознавање со можните партнери (НВО, општина, институција), анализа на можните партнери, одлучување, администрација и односи со јавноста, мрежи и коалиции, план за акција за заживување на мрежа/коалиција, партнерства за лобирање и застапување и спроведување кампањи и градење на партнерства со медиуми.
Прочитај повеќе...
 
Обука на тема „Концепт на човекови права и развој на позитивни меѓуетнички односи и правни стандарди (интернационални и национални) за заштита на правата на малцинствата”
dsci0061.jpgОбука за учесници од регионот на Неготино и Прилеп се одржа од 17 до 19 октомври 2008 год. во Струга со наслов „Концепт на човекови права и развој на позитивни меѓуетнички односи и правни стандарди (интернационални и национални) за заштита на правата на малцинствата”.
Целта на обуката беше учесниците да се стекнат со знаења за концептите и заштитата на човековите права (карактеристики, историјат и механизми).
Лулзим Хазири и Катица Апостоловска од Асоцијацијата за демократски иницијативи Гостивар ја реализираа обуката, на која присуствуваа 8 претставници од локални институции и 22 претставници од невладини организации од Неготино, Кавадарци, Демир Капија, Крушево, Долнени и Прилеп.
Прочитај повеќе...
 
Обука на тема „Механизми и инструменти за креирање јавни политики и застапување за правата на малцинствата”
javni_politiki_gevgelija-kocani_15-17.10.08.jpgОбука на тема „Механизми и инструменти за креирање јавни политики и застапување за правата на малцинствата” се одржа од 15 до 17 октомври 2008 год. во Кочани. Целта на обуката беше учесниците  да се здобијат со знаења и вештини за механизмите и инструментите за креирање јавни политики, како и формите за застапување за правата на малцинствата.
Обуката ја спроведе тим на обучувачки од Акција Здруженска, Марија Савовска и Виолета Димова. Учествуваа вкупно 23 претставници од невладиниот сектор и локалната власт (16 претставници на НВО и 8 претставници на локални институции од Гевгелија, Валандово, Дојран и Струмица).
Прочитај повеќе...
 
Регионална работилница за усвојување на програмата за работа на регионалната мрежа „Виадукт” во Штип и подготовка на меморандум за соработка
14-15_oktomvri_rabotilnica_vmrezuvanje_stip.jpgПо одржувањето на Иницијалниот состанок за вмрежување и Регионалната работилница за подготовка на програма за работа на мрежа, на 14 и 15 октомври 2008 год. во Штип повторно се одржа регионална работилница за членките на мрежата „Виадукт”. Целта на работилницата беше да се  финализира и усвои програмата за работа на мрежата во која членуваат институции и организации од регионот (Штип, Куманово, Ранковце и Крива Паланка), како и да се состави меморандум за соработка.
Работилницата ја водеше Марио Вељковиќ, а во неа учествуваа 3 претставници на институции и 14 претставници на невладини организации.
Прочитај повеќе...
 
Обука на тема „Градење партнерства и вмрежување во функција на лобирање и застапување”
На 27 и 28 септември 2008 год. во хотел „Романтик” – Велес се одржува обука на тема „Градење партнерства и вмрежување во функција на лобирање и застапување“ која ја организира Фондацијата Институт отворено општество - Македонија (ФИООМ) во соработка со невладината организација Заеднички вредности.
Прочитај повеќе...
 
Tрибина на тема „Верските празници - мостови за зближување на етничките заедници“
treta_tribina_debar.jpgНа самиот почеток од трибината беше организирана традиционална рамазанска вечера (ифтир) за учесниците, со дебарско мени. По заедничката вечера следуваше кратко објаснување за проектот.
Во понатамошниот тек на трибината, воведно излагање имаше Ружди Лата, преставник на исламската верска заедница, кој даде историска ретроспектива за верската толеранција во Дебар, практикувањето на толеранцијата во секојдневниот живот и верската толеранција кај Албанците низ историјата.
Прочитај повеќе...
 
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>

Резултати 37 - 42 од 59
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB