|
На 26 ноември 2008 год. во Битола се одржa „Регионална средба на Народниот правобранител - регионална канцеларија Битола, Комисиите за односи меѓу заедниците и Советите на општините од Битола, Прилеп, Ресен, Демир Хисар, Новаци, Могила, Кривогаштани, Неготино, Кавадарци, Крушево и Долнени”. Целта на средбата беше да се поттикне соработка меѓу Народниот правобранител, комисиите за односи меѓу заедниците и советите на општините за прашања кои се однесуваат на немнозинските етнички заедници.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
На 21-ви ноември 2008 год. во Струмица се одржа јавна дебата на тема „Интеграција на немнозинските етнички заедници во јавниот живот“. Средбата ја организираше Фондацијата Институт отворено општество - Македонија во соработка со локалната канцеларија на проектот во Струмица (Центар за одржлив развој „Порта“, поранешен Центар за поддршка на НВО).
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
Во периодот од 14 до 16 ноември 2008 год. во Струга се одржа обука на тема „Градење партнерства и вмрежување во функција на лобирање и застапување” на која присуствуваа вкупно 28 учесници (20 претставници на невладини организации од Ресен, Охрид, Струга и Битола, 8 претставници на локални институции од Ресен и Струга). Обуката ја спроведоа Марио Вељковиќ и Фатмир Сарачини, а истата беше организирана со цел проширување на знаењата од областа партнерства и вмрежување, активно вклучување на учесниците во процесите на лобирање и застапување насочено кон нивните интереси и социјална инклузија на немнозинските етнички заедници.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
Работилница на тема „Координација за создавање национална мрежа на влашките невладини организации во Република Македонија“ се одржа на 14-ти и 15-ти ноември 2008 година во Штип.
Целта на регионалната работилница беше да се воспостави координација меѓу релевантните здруженија од влашката заедница во Република Македонија за да може да се дефинираат приоритети од областа на јазикот/образованието и културата на влашката заедница во земјава.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
Под мотото „Под исто сонце“ во саботата (1 ноември 2008 год.) се одржа
првиот еднодневен мултиетнички хепенинг на Скопски саем, кој е дел од
кампањата за промоција на мултиетничките вредности и поттикнување на
меѓусебното почитување на етничките заедници во Македонија.
Културата, традицијата и вредностите како обележја на различните
етнички заедници беа промовирани од страна на невладини организации и
институции, од кои најбројни беа културно-уметничките друштва, женските
организации и музеите. Народни носии, ракотворби, кулинарски
специјалитети и фолклорни игри беа претставени од страна на 800
учесници од 28 населени места. Повеќе од 6000 посетители од цела
Македонија имаа можност да се дружат и да вкусат традиционални јадења,
да уживаат во музиката и да се запознаат со спецификите на културата и
традицијата на различните етникуми во земјава. Беа презентирани и
кратки документарни филмови, етнолошки изложби, ликовни дела и стрип
работилница.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
МУЛТИЕТНИЧКИ ХЕПЕНИНГ ПОД ИСТО СОНЦЕ
дискусии, традиција, фолклор, концерт:
БЛА-БЛА-БЛА, АРЕА, ТОНИ КИТАНОВСКИ и ЧЕРКЕЗИ
Скопски саем, 1 ноември, од 10 до 24 ч.
ВЛЕЗ СЛОБОДЕН!
ТВ Спот на албански јазик
 
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>
|
| Резултати 31 - 36 од 59 |