spacer.png, 0 kB

Анкета

Дали ви се допаѓа веб страницата?
 

spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
Дома
Работилница за промоција на Водичот во Тетово
promocija_vodic_tetovo.jpgНа 1 септември 2009 год. во Тетово се одржа промоција  на Водичот за националното законодавство во сферата на употреба на јазиците на етничките заедници во Република Македонија. На промоцијата присуствуваа 24 учесници: 2 претставници од општината и 22 претставници од невладини организации од Тетово. Промоцијата беше уште една можност за заедничка средба на сите засегнати страни од општинската, државната администрација и невладиниот сектор со цел заштита и промоција на правата на етничките заедници. 
Прочитај повеќе...
 
Одржан вториот мултиетнички хепенинг „Под исто сонце” во Струга
Narodno oroНа брегот на Охридското езеро на 4-ти јули 2009 год. во автокампот „Ас”во Струга се одржа вториот мултиетнички хепенинг, кој е дел одкампањата „Под исто сонце” за промоција на мултиетничките вредности и поттикнување на меѓусебното почитување на етничките заедници во Македонија. Високите температури не ги спречија посетителите да уживаат во настанот кој се одржа под отворено небо. Повеќе од 6000 посетители имаа можност да се запознаат со културата и традицијата на различните етнички заедници кои како обележја беа промовирани од страна наневладини организации, институции, културно-уметнички друштва, женски организации и музеи. Манифестацијата официјално ја отворија Н.Е. ЕрванФуере, специјален  претставник на Европската унија и шеф на Делегацијата на Европската Комисија и Владимир Милчин, извршен директорна Фондацијата Институт отворено општество – Македонија. Во рамките на официјалното отворање беше промовирана и публикацијата „Водич за националното законодавство во сферата на употребата на јазиците на етничките заедници во Република Македонија“, објавена на 7 јазици.
Прочитај повеќе...
 
Регионална средба на заменикот на Народниот правобранител во Куманово
regionalna_sredba_so_ombutsman_kumanovo_001.jpgПо веќе одржаните регионални средби во Тетово, Кичево, Струмица, Битола и Штип, на 21 јануари 2009 год. се одржа регионална средба на Заменикот Народен правобранител - регионална канцеларија Куманово, Комисиите за односи меѓу заедниците и Советите на општините Куманово, Липково, Старо Нагоричане, Ранковцe, Кратово и Крива Паланка.
Целта на средбата, на која присуствуваа 38 учесници, беше да се поттикне соработка меѓу Народниот правобранител, комисиите за односи меѓу заедниците и советите на општините од регионот за прашања кои се однесуваат на немнозинските етнички заедници.
Прочитај повеќе...
 
Регионална средба на заменикот на Народниот правобранител во Штип
sredba_so_naroden_pravobranitel_stip.jpgНа 17 декември 2008 год. во Штип се одржа регионална средба на Народниот правобранител - регионална канцеларија Штип, Комисиите за односи меѓу заедниците и Советите на општините од Штип, Виница, Делчево, Зрновци, Карбинци, Кочани, Македонска Каменица, Пробиштип, Свети Николе, Чешиново-Облешево и Лозово. На регионалната средба присуствуваа 40 претставници од Комисиите за односи меѓу заедниците и Советите на општините и 2 претставници од невладиниот сектор.
Прочитај повеќе...
 
Работилница за подготовка на програма за работа на мрежа
img_0982.jpgНа иницијатива на Македонско-хрватското здружение од Штип, на 06 и 07 декември 2008 год. во Битола се одржа регионална работилница „Подготовка на програма за работа на мрежа”. Целта на дводневната работилница беше да се усвои програма за работа на мрежа составена од македонско-хрватски здруженија, придружена од сите неопходни елементи кои ќе го одразуваат нејзиното дејствување (визија, мисија, структура, раководство, органи и тела, приоритети и цели).
Во работилницата учествуваа 12 претставници на невладини организации (8 Хрвати и 4 Македонци) од Штип, Тетово, Битола и Куманово, како и Почесниот конзул на Република Хрватска во Битола, г-дин Бранко Маретиќ.
Прочитај повеќе...
 
Тематска работилница во Тетово
tematska_rabotilnica_tetovo.jpgНа 10 декември 2008 год. во Тетово се одржа работилница на тема „Акционен план за подобрување на позицијата на немнозинските етнички заедници во општина Тетово”.
Врз основа на континуираната комуникација со претставници на невладини организации и локалните власти од Тетово, беше утврдена потребата од организирање работилница која ќе има за цел утврдување на проблеми и потреби и нивно инкорпорирање во предлог - акционен план за унапредување на позицијата на немнозинските етнички заедници кои живеат на територија на општина Тетово.
Прочитај повеќе...
 
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>

Резултати 25 - 30 од 59
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB