На 5-ти октомври 2009 година во Велес пред 130 гости беше промовирана публикацијата „Прирачник за отстранување на дискриминацијата врз основа на етничка припадност“. Автори на публикацијата се Мирјана Најчевска и Сашко Тодоровски, кој даде краток вовед во работилницата опишувајќи ја дискриминацијата како суптилен феномен што тешко се утврдува. Пред преполната сала зборуваше и Сали Латифов, соработник за здравствена, социјална и цивилна заштита во општина Чашка. Тој нагласи дека мултиетничкиот соживот во Чашка е добар, а општината вложува напори да ги поттикнува граѓаните на соживот преку спортски и културни активности.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
На 2-ри и 3-ти октомври 2009 година во Штип се одржа регионална работилница за подготовка на кодекс на мрежата „Хрватски национален совет“. Во регионалната работилница учествуваа 17 претставници од Штип, Тетово, Битола и Куманово. Првиот ден се работеше на ревизија на стратегијата на мрежата.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
На 30 септември 2009 година во Делчево беше промовиран „Прирачник за отстранување на дискриминацијата врз основа на етничка припадност“, чии автори се Мирјана Најчевска и Сашко Тодоровски. Прирачникот е објавен на македонски јазик, а во подготовка се и неговите верзии на албански, турски, српски, бошњачки, ромски, влашки и англиски јазик.
Вовед во работилницата даде ко-авторот на прирачникот Сашко Тодоровски кој зборуваше за дискриминацијата и комплексноста на нејзиното утврдување, потенцирајќи при тоа дека не секогаш кога се мисли дека се работи за дискриминација, таа и вистински постои.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
На 3 септември 2009 год. во Куманово се одржа работилница за промоција на Водичот за националното законодавство во сферата на употреба на јазиците на етничките заедници во Република Македонија. На промоцијата присуствуваа вкупно 35 учесници, меѓу кои 9 од локалната власт и 26 претставници на невладини организации од Куманово, Липково, Кратово, Крива Паланка, Старо Нагоричане и Ранковци.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
На 2 септември 2009 год. во Центарот за култура во Дебар се одржа работилница на тема „Употреба на јазиците на етничките заедници на локално ниво”. На работилницата учествуваа 33 учесници (18 претставници од општините Дебар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, меѓу кои градоначалниците на Општина Дебар и Општина Маврово и Ростуше, како и членовите на комисиите за односи меѓу заедниците од сите три општини, 11 претставници од невладини организации и 4 новинари). Целта на работилницата беше да се промовира публикацијата „Водич за националното законодавство во сферата на употребата на јазиците на етничките заедници во Република Македонија“ и да се отвори дискусија за прашања поврзани со употребата на јазиците на етничките заедници на локално ниво.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
На 2-ри септември 2009 година во Кичево се одржа работилница на тема „Употреба на јазиците на етничките заедници на локално ниво”. Целта на работилницата беше да се промовира публикацијата „Водич за националното законодавство во сферата на употребата на јазиците на етничките заедници во Република Македонија“ и да се отвори дискусија за употребата на јазиците на етничките заедници на локално ниво.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>
|
| Резултати 19 - 24 од 59 |