spacer.png, 0 kB

Анкета

Дали ви се допаѓа веб страницата?
 

spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
Дома
Обука на тема „Јавно застапување и лобирање” во Маврово
img_1556.jpgВо периодот од 2-ри до 3-ти октомври 2009 год. во Маврово, се одржа обука на тема „Јавно застапување и лобирање”. Обуката ја следеа  30 учесници од Велес, Дебар, Градско, Лозово, Центар Жупа и Чашка, и тоа: 23 претставници од невладини организации, 4 од единиците на локалната самоуправа, 3 од институции и 1 новинар. Мултиетничкиот состав на обуката беше изразен преку учество на припадници од различни етнички заедници: 15 Македонци, 9 Албанци, 3  Роми, 2 Турци , 1 Влав и 1  Македонец Mуслиман. Обуката ја спроведоа Мујо Скендеровиќ, Мандика Нича и Ерол Адемов, кои успешно ја завршија Обуката за обучувачи во рамките на проектот.
Прочитај повеќе...
 
Конференција за печат „Децентрализацијата – можност за потолерантни општини Дебар и Центар Жупа”
debar_pres.jpgНа 27-ми октомври 2009 год. во Центарот за одржлив развој на заедницата Дебар се одржа конференција за печат со наслов „Децентрализацијата – можност за потолерантни општини Дебар и Центар Жупа”.
Целта на конференцијата за печат беше да се информира локалната јавност за досегашното следење на работата на локалната администрација во општините Дебар и Центар Жупа во поглед на спроведувањето на меѓународното и домашното законодавство поврзано со правата на немнозинските етнички заедници и соодветната и правичната застапеност во институциите. 
Прочитај повеќе...
 
Kонференција „Децентрализацијата – можност за потолерантни општини”
konferencija.jpgВо организација на Фондацијата Институт отворено општество – Македонија (ФИООМ) и здружението „Заеднички вредности”, денеска, 22 октомври 2009 година, во Скопје, се одржа завршната конференција на проектот „Живеење во мултиетничка средина - граѓани со еднакви права, можности и заштита”, финансиран од Европската комисија и ФИООМ.
Прочитај повеќе...
 
Регионална работилница за формирање на координативно тело на мрежата на влашките здруженија во РМ
sliki_bitola_25-26_septemvri_2009_035.jpgРаботилница на тема „Формирање на координативно тело на мрежата на влашките невладини организации во Република Македонија” се одржа на 25-ти и 26-ти  септември 2009 год. во Битола.
На работилницата присуствуваа 28 претставници од влашки здруженија во Македонија, претставник од Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците на заедниците при Министерството за образование и наука, претставник од Управата за афирмирање и унапредување на културата на припадниците на заедниците во РМ при Министерството за култура, како и екипа на влашката редакција при МТВ.
Прочитај повеќе...
 
Промовирана публикација
Промовирана публикацијата
Водич за националното законодавство во сферата на употребата на јазиците на етничките заедници во Република Македонија

Фондацијата Институт отворено општество – Македонија и НВО „Заеднички вредности“ од Скопје ја објавија публикацијата „Водич за националното законодавство во сферата на употребата на јазиците на етничките заедници во Република Македонија“. Оваа публикација е дел од проектот „Живеење во мултиетничка средина – граѓани со еднакви права, можности и заштита” и беше промовирана на вториот мултиетнички хепенинг во Струга на 4-ти јули 2009 година.
Прочитај повеќе...
 
Работилница за промоција на прирачник за отстранување на дискриминацијата во Прилеп
prom_prir_diskr.jpgРаботилница за промоција на „Прирачник за отстранување на дискриминацијата врз основа на етничка припадност“ се одржува на 8 октомври 2009 год. (четврток) со почеток во 16.00 часот, во хотел „Кристал Палас“, Прилеп. Автори на прирачникот се Мирјана Најчевска и Сашко Тодоровски. Работилницата ја организира Фондацијата Институт отворено општество – Македонија (ФИООМ) во соработка со Фондацијата за поддршка и развој Прилеп (поранешен Центар за поддршка на НВО - Прилеп).
Прочитај повеќе...
 
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>

Резултати 13 - 18 од 59
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB